Новиот дефанзивец на Зенит Санкт Петерсбург, Дејан Ловрен му прати порака на својот поранешен соиграч од Ливерпул и добар пријател Мохамед Салах откако Египќанецот вчера призна дека ќе му недостасува Хрватот.
Салах по пристигнувањето во Ливерпул во јули 2017 склучи фантастично пријателство со Ловрен, кое се покажуваше и со нивните смешни постови на социјалните мрежи. Салах беше првиот кој му посака среќа во иднината на Хрватот, а сега Ловрен му врати.
„Не сакам да покажам многу емоции бидејќи веќе плачев пред последниот натпревар. Сите го видеа тоа, посебно Мо, мојот добар пријател. Иако ќе бидеме далеку, тоа беше само почеток на големото пријателство. Тој знае дека сум тука за него за било која работа. Не само за Мо, за сите во тимот, фудбалерите, медицинскиот тим“, вели Ловрен.
“It’s about friendship inside and outside the dressing room.” @Dejan06Lovren pays an emotional tribute to his teammates and good friend, @MoSalah ❤️ pic.twitter.com/5h7dARU0hA
— Liverpool FC (Premier League Champions ?) (@LFC) July 28, 2020
Ловрен заминува во Русија, Салах со емотивно збогување со големиот пријател