Top Sport

Лозано го напушта Наполи

Соиграчот на Елиф Елмас во Наполи, мексиканецот Ирвинг Лозано, ќе го напушти клубот во летниот преоден рок. Можна дестинација за него е Евертон на чија клупа седи човекот кој го донесе во Наполи, Карло Анчелоти.

Лозано како еден од најдобрите играчи во холандската лига, на инсистирање на Анчелоти. Наполи за Мексиканецот издвои 38 милиони евра што претставува клупски рекорд.

Лозано сезонава има одиграно само 487 минути на 28 натпревари. Постигнал три гола и забележал две асистенции.

Откако Анчелоти доби отказ, а на неговото место дојде Џенаро Гатузо, Лозано речиси воопшто и да не игра.

Според шпекулациите Наполи би го пуштиле Лозано но не за помалку од 40 милиони евра.

Scroll to Top