Top Sport

Лозано пристигна во Италија, се чека потписот за Наполи

Мексиканскиот напаѓач на ПСВ Ајндховен, Ирвинг „Чаки“ Лозано, конечно, пристигна во Италија, каде што ќе треба да го комплетира трансферот во Наполи.

Лозано пристигнал во Рим во вторникот навечер, по што утре му следуваат медицински тестови, пред да стави потпис на договорот со тимот на Карло Анчелоти. „Партенопеи“ ќе платат 38 милиони евра плус бонуси за 24-годишниот Лозано, кој е нивна желба од јануари.

Лозано постигна 40 гола во 79 настапи за ПСВ Ајндховен, со кои ја освои холандската титула во 2017/18, а за мексиканската репрезентација има 35 настапи и 9 гола. Лозано игра на позицијата крило.

Scroll to Top