Top Sport

Богдановиќ признава: Американците се фаворити, но…

Ѕвездата на српската кошаркарска репрезентација, Богдан Богдановиќ вели дека не е добро да се „збори предвреме“ и додава дека американскиот состав е фаворит на Светското првенство во Кина и покрај отсуството на дел од најдобрите кошаркари.

„На хартија, тие се уште фаворити. Секако, послаби се без суперѕвездите, но и со овој тим тие се вистинска закана. И вака неуиграни ги добија Шпанците, кои се фаворити за медал. Тоа е тим кој игра заедно многу години, а овој американски тим е неуиграм. Треба да сме реални и да не зборуваме дека овој тим на САД е слаб и дека сите откажаа. Треба да одиграме многу натпревари пред да мислиме на тој дуел“, вели асот на Сакраменто кингс.

Сепак, тој очекува Србија да има најдобар можен пласман поради тимскиот дух.

„Кога имате добро друштво, патот е лесен. Ќе биде добро, ќе биде весело. Кошарката е работа за нас, но и дружба“, додава Богдановиќ.

Scroll to Top