Top Sport

ЛШ: Ајакс се „протна“, познати сите 32 учесници во Лигата на шампионите

Минатогодишниот полуфиналист, Ајакс едвај се пласираше во групната фаза на Лигата на шампиони, откако потешко од очекувањата стигна до 2:0 победа над кипарскиот АПОЕЛ по ремито без голови во првиот меч. Последните два тима кои успеаја да влезат во ЛШ по групи се белгискиот Клуб Бриж и чешкиот шампион Славија Прага.

Ајакс во Амстердам го пречека АПОЕЛ по изненадувачкото реми без голови, но дојде на чекор до пласман откако во 43. минута по нафрлањето на Хаким Зијеш, дефанзивецот Едсон Алварез беше највисок во скокот и донесе 1:0 водство за домаќините.  Само што почна второто полувреме, ветеранот Клас-Јан Хунтелар во 50. минута постигна гол, но по прегледувањето на ВАР-системот, тој беше поништен поради офсајд.

„Копјаниците“ потоа си играа со нервите на своите навивачи, бидејќи во случај АПОЕЛ да постигнеше гол (а имаше неколку изгледни шанси), Ајакс ќе беа елиминирани, пред во 80. Минута Душан Тадиќ да стави крај на дилемите.

Соседите од Белгија, Клуб Бриж, исто така се во групната фаза на ЛШ, откако повторно ги победија ЛАСК Линц, овојпат со 2:1 со по победата во првиот меч од 1:0. Ванакен во 70. минута ги донесе домаќините во водство, пред гостите да израмнат само четири минути подоцна со гол од пенал. Емануел Денис во 90-тата минута го потврди влезот на белгиските вице-шампиони во ЛШ

Источна Европа ќе има уште еден претставник во елитата, откако Славија Прага ја повтори победата од 1:0 над романскиот шампион Клуж.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, БАРАЖ, 2.МЕЧ

Ајакс – АПОЕЛ 1:0, прв натпревар 0:0, вкупно 1:0

Клуб Бриж – ЛАСК Линц 2:1, прв натпревар 1:0, вкупно 3:1

Славија Прага – ЦФР Клуж 1:0, прв натпревар 1:0, вкупно 2:0

СИТЕ 32 УЧЕСНИЦИ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ 2019/20

Ливерпул (Анг), Челси (Анг), Манчестер сити (Анг), Тотенхем (Анг)

Барселона (Шпа), Реал Мадрид (Шпа), Атлетико Мадрид (Шпа), Валенсија (Шпа)

Јувентус (Ита), Наполи (Ита), Интер (Ита), Аталанта (Ита)

Баерн Минхен (Гер), Борусија Дортмунд (Гер), Баер Леверкузен (Гер), РБ Лајпциг (Гер)

Пари Сен-Жермен (Фра), Лион (Фра), Лил (Фра)

Зенит Санкт Петерсбург (Рус), Локомотив Москва (Рус)

Генк (Бел), Клуб Бриж (Бел)

Шахтјор Доњецк (Укр)

Бенфика (Пор)

Ред бул Салцбург (Авт)

Олимпијакос (Грц)

Динамо Загреб (Хрв)

Галатасарај (Тур)

Црвена звезда (Срб)

Ајакс (Хол)

Славија Прага (Чеш)

 

Scroll to Top