Top Sport

ЛШ: Аталанта најде решение за Јанг бојс, Зенит го декласираше Малме

Аталанта се намачи со швајцарскиот Јанг бојс, но успеа да ја забележи првата победа во новата сезона од Лигата на шампионите, триумфирајќи со 1:0, додека Зенит Санкт Петерсбург ја покажа силата со доминантна 4:0 победа против Малме.

Јанг бојс во првото коло стигнаа до спектакуларна победа над Манчестер јунајтед, но немаа сили да ја наметнат својата игра во Бергамо, каде што домаќините имаше над 60 отсто од поседот на топката. На Аталанта им беше поништен гол (всушност автогол) во првото полувреме, пред Матео Песина во 68. минута да го постигне единствениот гол на мечот, негов прв гол во Лигата на шампионите.

Во Русија пак, Зенит стигна до висока победа над аутсајдерот во групата Х, Малме. Клаудињо уште во 9. минута го донесе рускиот шампион во водство, пред на почетокот на второто полувреме, Кузјаев да зголеми на 2:0. Гостите остана со играч помалку по црвениот картон на Ахмедхоџиќ, по што во Алекс Сутормин во 80. минута да зголеми на 3:0, за Вендел во 95. минута да ги постави конечните 4:0.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 2.КОЛО

ГРУПА Ф

Аталанта – Јанг Бојс 1:0

Манчестер јунајтед – Вилјареал 21.00 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Х

Зенит Санкт Петерсбург – Малме 4:0

Јувентус – Челси 21.00 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top