Top Sport

ЛШ: Барса преку Јуве, три поништени гола на Мората, Јунајтед се „распука“!

Барселона стигна до 2:0 победа во дербито на второто коло од Лигата на шампионите, триумфирајќи на гости кај Јувентус, кои беа без Кристијано Роналдо, а во исто време Алваро Мората немаше среќа со офсајд ситуациите.

Со оваа победа, Роналд Куман малку го крева притисокот по поразот во „Ел класико“, додека за Андреа Пирло ова е уште една сопка на стартот на неговата тренерска кариера.

Во другите мечеви, Манчестер јунајтед го „здроби“ Лајпциг со 5:0, „десеткуваниот“ Лацио одигра 1:1 на гости кај Клуб Бриж, а минимални победи обезбедија Борусија Дортмунд (2:0 со Зенит) и Севилја (1:0 со Рен).

Барса дојде во водство уште во 14-тата минута, кога Усман Дембеле доби фантастична топка од Лео Меси, и од работ на шестнаесетникот упати удар, кој се удри во Лео Бонучи и заврши во голот на Јуве. По ова, Мората двапати постигна гол во првото полувреме, но двапати му беше поништен поради ВАР, за тоа да му се повтори уште еднаш во второто полувреме. Мерих Демирал во 85. минута доби втор жолт картон, а Лео Меси во 91. минута со гол од пенал ја потврди победата.

Манчестер јунајтед, првпат со Дони ван де Бек како стартер и со Бруно Фернандеш на клупата, стигна до 4:0 победа над Лајпциг. Мејсон Гринвуд во првото полувреме постигна гол на „раб“ на офсајд, за во второто полувреме, Маркус Рашфорд да има хет-трик, а и Антони Марсијал даде гол од пенал. Ова е втора победа за „ѓаволите“ по импресивниот 2:1 триумф кај ПСЖ.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 2.КОЛО

ГРУПА Е

Краснодар – Челси 0:4

Севилја – Рен 1:0

ГРУПА Ф

Борусија Дортмунд – Зенит Санкт Петерсбург 2:0

Клуб Бриж – Лацио 1:1

ГРУПА Г

Јувентус – Барселона 0:2

Ференцварош – Динамо Киев 2:2

ГРУПА Х

Башакшехир – Пари Сен-Жермен 0:2

Манчестер јунајтед – РБ Лајпциг 5:0

ЈУВЕНТУС – БАРСЕЛОНА

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – РБ ЛАЈПЦИГ

БОРУСИЈА ДОРТМУНД – ЗЕНИТ

БРИЖ – ЛАЦИО

Scroll to Top