Top Sport

ЛШ: Бенфика, Малме и Јанг Бојс со домашна предност во баражот

Бенфика, Малме и Јанг Бојс обезбедија домашна предност по првите мечеви од баражот за влезот во групната фаза на Лигата на шампиони, иако резултатите не им гарантираат лесен реванш.

Во дуел на два поранешни европски шампиони, на „Естадио да Луж“ во Лисабон, Бенфика успеа да го совлада ПСВ Ајндховен со 2:1 во најинтересната пресметка. Рафа Силва им донесе водство на „орлите“ уште во 10. минута, по што Јулијан Вајгл во 41. минута зголеми на 2:0 за да најави голема победа за Бенфика. Меѓутоа, холандскиот клуб успеа да ја оддржи предноста на еден гол, откако Коди Гакпо во 52. минута намали на 2:1.

Бугарскиот шампион Лудогорец ќе има најтешка задача во реваншот, откако во Шведска загуби со 2:0 од Малме, додека најинтересно ќе биде во Будимпешта, откако Ференцварош беа поразени со 2:3 од швајцарскиот Јанг Бојс.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, БАРАЖ, 1.МЕЧ

Бенфика (Пор) – ПСВ Ајндховен (Хол) 2:1

Малме (Шве) – Лудогорец (Буг) 2:0

Јанг Бојс (Шва) – Ференцварош (Унг) 3:2

Scroll to Top