Top Sport

ЛШ: „Бомба“ во 94. минута за реми на Челси во Русија, Јувентус ги претекна на првото место

Александер Ерохин во 94. минута постигна фантастичен гол за да обезбеди 3:3 реми на неговите Зенит Санкт Петерсбург против Челси, ставајќи го во сенка одличниот меч на Тимо Вернер (два гола и една асистенција), за „сините“ да го загубат првото место во групата Х од Јувентус, кои со 1:0 го совладаа Малме

Пред мечот беше јасно дека Јуве и Челси имаат обезбедено пласман во нокаут фазата, а дека Зенит ќе оди во Лига Европа, но првото место на табелата беше неизвесно, откако Јуве дома ги победи Челси пред да биде декласиран на гостувањето во Лондон.

Тимо Вернер уште во втората минута на „Газпром арената“ постигна лесен гол за водство на Челси, но Зенит имаше повеќе од играта во првото полувреме и во финишот успеа да постигне два гола – прво преку Клаудињо во 38. минута, а потоа и преку Сардар Азмун само три минути подоцна. Ромелу Лукаку израмни во 62. минута по асистенција на Вернер, по што замените на Томас Тухел донесоа свежина во тимот, и Кристијан Пулишиќ во 85. минута одлично му асистираше на Вернер, кој постигна убав гол за 3:2 водство. Тогаш на сцена стапи 32-годишниот ветеран Ерохин, кој имаше фантастичен удар за кој Кепа немаше одговор.

Во Торино пак, им беше доволен голот на Моисе Кин во 18. минута за победа од 1:0 над шведскиот клуб.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 6.КОЛО

ГРУПА Х

Зенит Санкт Петерсбург – Челси 3:3

Јувентус – Малме 1:0

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top