Top Sport

ЛШ: Ди Марија го „казни“ Реал, Динамо ја декласираше Аталанта (видео)

Пари Сен-Жермен и без Нејмар во составот (ја отслужува суспензијата за навреда на УЕФА), успеа да стигне до 3:0 победа над Реал Мадрид, откако Анхел ди Марија постигна два гола против својот поранешен клуб, додека Динамо Загреб забележа неверојатна 4:0 победа над дебитантот во ЛШ, Аталанта.

Во другите мечеви, Јувентус не „изддржа“ водство од 0:2 и дозволи Атлетико да се врати за 2:2 реми, Баерн Минхен со 3:0 ја реши Црвена звезда, додека Манчестер сити лесно се „прошета“ до 3:0 победа кај Шахтјор, додека Локомотив Москва со 2:1 ги изненади Баер Леверкузен.

ПСЖ уште во првото полувреме го реши победникот во дербито на колото, откако Анхел ди Марија двапати успеа да ја „скрши“ одбраната на „кралскиот“ клуб, прво во 14. минута, а потоа и во 33. минута. Герет Бејл потоа постигна еден гол каков што ретко се гледа, но тој беше поништен поради играње со рака. Томас Муние во 91. минута ги постави конечните 3:0.

Неверојатен меч се одигра на „Максимир“, каде што Динамо Загреб, полесно од очекувањата со 4:0 ја „сотре“ италијанска Аталанта, чии навивачи нема по добро да го паметат првиот меч на клубот во Лигата на шампионите. Мислав Оршиќ постигна хет-трик против италијанскиот прволигаш, но според многумина човек на одлука беше неверојатниот Шпанец, Дани Олмо кој му намести два гола.

Баерн Минхен, исто така со победа го стартуваше настапот во Лигата на шампионите, по 2:0 триумфот над мотивираната Црвена звезда. Кингсли Коман ја продолжи одличната форма со гол во 34. минута, а Роберт Левандовски на 10 минути пред крајот ја осигура победата, пред Томас Милер да ги постави конечните 3:0 во 91. минута.

ГРУПА А

Клуб Бриж – Галатасарај 0:0

Пари Сен-Жермен – Реал Мадрид 3:0

ГРУПА Б

Олимпијакос – Тотенхем 2:2

Баерн Минхен – Црвена звезда 3:0

ГРУПА Ц

Шахтјор Доњецк – Манчестер сити 0:3

Динамо Загреб – Аталанта 4:0

ГРУПА Д

Атлетико Мадрид – Јувентус 2:2

Баер Леверкузен – Локомотив Москва 1:2

ПСЖ – РЕАЛ МАДРИД

ДИНАМО ЗАГРЕБ – АТАЛАНТА

БАЕРН МИНХЕН – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА

АТЛЕТИКО МАДРИД – ЈУВЕНТУС

ШАХТЈОР – МАНЧЕСТЕР СИТИ

Scroll to Top