Top Sport

ЛШ: Дибала со хет-трик против „младите момци“, Сити во финишот го покори Хофенхајм (видео)

И без суспендираниот  Кристијано Роналдо, Јувентус стигна до убедлива победа од 3:0 над Јанг Бојс во второто коло на ЛШ, благодарение на хет-трикот на расположениот Пауло Дибала, додека Манчестер сити даде гол во 87. минута по експолозивниот старт на натпреварот за 2:1 победа на гостувањето кај Хофенхајм.

Дибала, кој во последно време беше под многубројни критики за своите игри, бргу ја искористи дадената шанса од Макс Алегри, кога уште во петтата минута доби фантастична топка од Леонардо Бонучи за да постигне прекрасен гол. Во 33. минута по ударот на Матуиди, Дибала ја закачи топката за 2:0, за да го комплетира хет-трикот во 68. минута кога повторно беше на вистинското место во противничкиот шестнаесетник.

Во Германија пак, Хофенхајм, градчето со 3.500 жители имаше шанси да го пречека англискиот шампион, Манчестер сити во првиот домашен меч во Лигата на шампионите.

Тимот предводен од 31-годишниот тренер Јулијан Нагелсман дојде во водство по неверојатни 45 секунди игра преку Ишак Белфодил, меѓутоа тимот на Пеп Гвардиола бргу се созеде и преку најдобриот стрелец во историјата на Сити, Серхио Агуеро израмни во осмата минута.

Кога изгледаше дека Сити ќе почека за првата победа во ЛШ оваа сезона, Давид Силва во 87. минута ја искористи грешката на домашната одбрана за да го казни германскиот клуб.

Фото: ЕПА

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 2.КОЛО

ГРУПА Х

Јувентус – Јанг Бојс 3:0

ГРУПА Ф

Хофенхајм – Манчестер сити 1:2

Scroll to Top