Динамо Киев се на чекор од пласман во Лигата на шампионите, откако успеаја да го елиминираат холандскиот АЗ Алкмар по 2:0 победа на „Олимпискиот стадион“ во украинската престолнина.
Тимот на Мирчеа Луческу успеа да го скрши отпорот на гостите со голот на Родригеш во 49. минута, пред Микола Шапаренко да ја потврди победата во 86. минута.
Украинскиот великан во плејофот за ЛШ ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Гент и Рапид Виена.