Top Sport

ЛШ: Динамо Киев и БАТЕ во баражот

Украинскиот вице-шампион Динамо Киев и белорускиот шампион БАТЕ Борисов стигнаа до портите на Лигата на шампионите, откако го минаа третото квалификациско коло.

Динамо Киев со 2:0 го совлада чешкиот тим Славија Прага по првичните 1:1 во Чешка за да оди во баражот каде што го чека подобриот од дуелот Ајакс-Стандард Лиеж (првиот меч заврши 2:2). Словенецот Бенјамин Вербич во 11. минута се најде на вистинското место по слободниот удар на Циганков, а Артем Бесједин во 74. минута го постави конечниот резултат.

БАТЕ пак, одигра само 1:1 против Карабаг од Азербејџан, но и тоа беше доволно да се оди понатаму, откако на гости победија со 1:0. Црногорецот Мирко Иваниќ ги донесе домаќините до водство по еден брз контра-напад, пред Мичел да израмни за Карабаг. БАТЕ ќе брка пласман во групната фаза во ЛШ против моќниот холандски шампион, ПСВ Ајндховен.

Фото: ЕПА

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 3.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО, 2.НАТПРЕВАР

Динамо Киев (Укр) – Славија Прага (Чеш) 2:0, прв натпревар 1:1, вкупно 3:1

БАТЕ Борисов (Блр) – Карабаг (Азе) 1:1, прв натпревар 1:0, вкупно 2:1

Scroll to Top