Top Sport

Барса се откажува од Погба или има нова стратегија?

Директорот на Барселона, Ариедо Браида признава дека неговиот клуб нема да тргне по ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба, иако претходно претседателот на клубот изјави дека „има уште 20 дена од преодниот рок“.

Иднината на 25-годишниот Пол Погба на „Олд Трафорд“ е неизвесна по проблематичната сезона 2017/18 одбележана со судир со менаџерот Жозе Мурињо, а по првиот меч од новата сезона Погба изјави дека не смее да каже што навистина мисли бидејќи ќе биде казнет.

И покрај ова, Браида вели дека нема да има понуда со големи пари.

„Не верувам дека ќе тргнеме по Погба ова лето. Но, тој останува голем играч“, вели Браида за „Радио спортива“.

Погба: Има работи за кои не смеам да зборувам

Бартомеу: Погба? Има уште 20 дена од преодниот рок

Scroll to Top