Top Sport

ЛШ: Интер го победи Плзен, а Спортинг Лисабон го зеде скалпот на Тотенхем

Италијанскиот вицепрвак Интер успеа да се врати во ритам во Лигата на шампионите со триумфот на гости (0:2) против Плзен. По поразот од Баерн Минхен дома, тимот на Симоне Инзаги едноставно мораше да освои три бода во Чешка.

Един Џеко во 20.минута донесе водство, а надежите на Плзен се намалија и по црвениот картон за Павел Буха по еден час игра. Во 70.минута Дензел Дамфрис постигна втор гол за Интер и реши натпреварот.

Спортинг Лисабон до 90.минута немаше предност, но на крајот славеше со 2:0 против Тотенхем. Паулињо погоди за водство, а Артур Гомеш во 93.минута го потврди триумфот.

Scroll to Top