Top Sport

ЛШ: Интер преку „милионерите“, Барса не се „даде“ во Прага (видео)

Интер, конечно, ја забележа потребната победа во Лигата на шампионите, откако во Милано со 2:0 ја совлада Борусија Дортмунд, иако триумфот не беше осигуран до последните минути од мечот.

Лаутаро Мартинез во 22. минута од мечот донесе водство за „нераѕурите“, а во 83. минута имаше шанса да стави точка на мечот откако беше досуден пенал за Интер, меѓутоа тој не беше успешен. Ветеранот Антонио Кандрева во 89. минута од мечот стави крај на надежите на Борусија дека можат да направат кам-бек.

Со оваа победа, тимот на Антонио Конте се враќа во „игра“ во групата Ф по поразот од Барселона и неочекуваното домашно реми со Славија Прага. Барселона, пак, предводена од рекордерот Лео Меси, кој постигнува гол во 15-та последователна сезона од ЛШ, стигна до 2:1 победа кај Славија да го заддржи првото место на табелата.

Европските шампиони, Ливерпул, на гостувањето во Белгија кај Генк стигнаа до убедлива 4:1 победа со двата гола на Алекс Окслејд-Чемберлен и со погодоците на повратникот Мохамед Салах и Садио Мане.

„Црвените“ се на второто место во групата Е, откако Наполи „искамчи“ 3:2 победа на незгодното гостување на РБ Салцбург. Сензационалниот Норвежанец Ерлинг Браут Халанд постигна два гола за австрискиот клуб, но „партенопеи“ го добија мечот со двата гола на Дрис Мертенс и голот на Лоренцо Инсиње.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ГРУПА Е

Генк – Ливерпул 1:4

РБ Салцбург – Наполи 2:3

Табела: 1.Наполи 7, 2.Ливерпул 6, 3.Салцбург 3, 4.Генк 1

ГРУПА Ф

Интер – Борусија Дортмунд 1:0

Славија Прага – Барселона 1:2

Табела: 1.Барселона 7, 2.Борусија Д. 4, 3.Интер 4, 4.Славија П. 1

ГРУПА Г

Бенфика – Лион 2:1

РБ Лајпциг – Зенит Санкт Петербург 1:0

Табела: 1.Лајпциг 6, 2.Лион 4, 3.Зенит 4, 4.Бенфика 3

ГРУПА Х

Ајакс – Челси 0:1

Лил – Валенсија 1:1

Табела: 1.Ајакс 6, 2.Челси 6, 3.Валенсија 4, 4.Лил 1

ИНТЕР – БОРУСИЈА ДОРТМУНД

СЛАВИЈА – БАРСЕЛОНА

ГЕНК – ЛИВЕРПУЛ

САЛЦБУРГ – НАПОЛИ

Scroll to Top