Top Sport

ЛШ: Касемиро го спаси Реал од нов пораз, гол-шоу на Аталанта и Ајакс

Маркус Турам, синот на француската фудбалска легенда Лилијан, постигна два гола за Борусија Менхенгладбах, но тоа не беше доволно да се извлече победа над Реал Мадрид, откако Касемиро со асистенција и гол во последните три минути извлече 2:2 реми.

За Зидан ова е уште еден незгоден резултат,  по поразот во првото коло од Лигата на шампионите дома од (2:3), и притисокот се зголемува на тренерот и покрај тоа што го доби „Ел класико“ на „Ноу Камп“.

Турам стрелаше во 33. и 58. минута за „ждребињата“ да стигнат до 2:0 водство, кое до крајот на мечот, „кралевите“ прво успеаја да го намалат преку Карим Бензема во 87. минута, пред Касемиро во 93-тата минута да спаси голем поен за „кралевите“.

Супер-интересно беше на првиот меч од ЛШ во Бергамо, каде што Аталанта губеше со 0:2 од Ајакс откако прими два гола за осум минути во првото полувреме, но Дуван Запата со два гола врати за 2:2 реми. Во истата група, Ливерпул со 2:0 го совлада данскиот аутсајдер Митјиланд со головите на Диого Жота и Мохамед Салах (од пенал) , но најголемата грижа беше повредата за Фабињо, уште една главоболка за Јирген Клоп.

Жоао Феликс со два гола ги „спаси“ Атлетико Мадрид, носејќи им возбудлива 3:2 победа на „Ванда метрополитано“ над Ред бул Салцбург, додека Манчестер сити без мака со 3:0 го совлада Марсеј на „Велодром“.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 2.КОЛО

ГРУПА А

Локомотив Москва – Баерн Минхен 1:2

Атлетико Мадрид – Салцбург 3:2

ГРУПА Б

Шахтјор Доњецк – Интер 0:0

Борусија Менхенгладбах – Реал Мадрид 2:2

ГРУПА Ц

Марсеј – Манчестер сити 0:3

Порто – Олимпијакос 2:0

ГРУПА Д

Аталанта – Ајакс 2:2

Ливерпул – Митјиланд 2:0

БОРУСИЈА МЕНХЕНГЛАДБАХ – РЕАЛ МАДРИД

АТАЛАНТА – АЈАКС

ЛИВЕРПУЛ – МИТЈИЛАНД

МАРСЕЈ – МАНЧЕСТЕР СИТИ

АТЛЕТИКО МАДРИД – САЛЦБУРГ

ПОРТО – ОЛИМПИЈАКОС

Scroll to Top