Top Sport

ЛШ: Левандовски и Халанд против поранешните клубови

Со натпреварите од второто коло оваа недела продолжува натпреварувањето во фудбалската Лига на шампиони. Во центарот на вниманието ќе бидат Роберт Левандовски и Ерлинг Халанд, кои ќе се соочат со поранешните клубови.

Левандовски се враќа во Минхен со Барселона во вторник, додека напаѓачот на Сити, Халанд ќе ги пречека поранешните соиграчи од Дортмунд во среда.

Левандовски влезе од клупата и го постигна својот шести гол во пет натпревари во шпанската лига, Барселона го победи Кадиз со 4-0 во саботата.
Полскиот напаѓач не постигна гол на дебито за Барселона против Рајо Ваљекано.

Левандовски минатата недела постигна хет-трик и против Викторија Плзен во првото коло од Лигата на шампионите. Така стигна до бројката од 89 постигнати голови во Лигата на шампионите, но стана и првиот играч кој постигнал хет-трик со три различни клубови во најсилното европско натпреварување.

Баерн во 2020 година ја понижи Барселона победувајќи ја со 8:2, додека минатата сезона два пати го победи шпанскиот тим со 3:0.

Барселона и Баерн имаат по три бода на табелата од групата Ц од Лигата на шампионите, а натпреварот во Минхен ќе започне во 21 часот.

Халанд и Манчестер сити во среда ќе го пречекаат „милионерите“ од Дортмунд во второто коло од групата Г.

Двата тима имаат по три бода.

Халанд постигна два гола во победата на Сити против Севиља на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите минатата недела.

Тој веќе постигна десет гола за Сити на шест натпревари во Премиер лигата оваа сезона.

Фудбалерите на Ливерпул во вторник со добар резултат против Ајакс ќе се обидат да го надополнат убедливиот пораз од Наполи во првото коло.

Атлетико Мадрид го пречекува Баер Леверкузен, Тотенхем е домаќин на Спортинг Лисабон, а Ајнтрахт патува во Марсеј на меч кој се смета за ризичен поради навивачите.

Исто така оваа недела, бранителот на титулата Реал Мадрид му гостува на Лајпциг во среда, Јувентус ќе ја пречека Бенфика, а Пари Сен Жермен гостува во Хаифа.

Scroll to Top