Top Sport

ЛШ: Леверкузен со малку среќа до „слатка одмазда“ во Москва (видео)

Баер Леверкузен стигна до 2:0 победа на гостувањето кај Локомотив Москва за да ги заддржи теоретските шанси за пласман во нокаут-фазата во Лигата на шампионите и во исто време да се одмазди за домашниот пораз (1:2) од рускиот тим. Галатасарај пак, не успеа да ја забележи првата победа оваа сезона во ЛШ, откако прими гол во судиското продолжение за 1:1 реми со Бриж.

Работите тргнаа наопаку за Локо уште во 11. минута, кога Рифат Жемалетдинов си постигна навистина комичен автогол. Рускиот клуб потоа ја имаше контролата на игра и имаше повеќе неостварени шанси, пред Свен Бендер во 54. минута со прекрасен гол да го реши победникот.

Сега, „фармацевтите“ имаат шест поени на третото место на табелата во групата Д пред мечот Јувентус-Атлетико Мадрид, а бидејќи „јорганџиите“ имаат 7 поени уште не е јасно кој ќе биде вториот патник во нокаут фазата. Сепак, за таков пласман тие ќе треба да се надеваат на победа против Јувентус дома, а исто така Атлетико да ги загуби последните два меча (вечерва против Јуве и дома против Локомотив).

Галатасарај пак, со голот на Адем Бујук во 11. минута стигна до водство против Бриж, кое го држеше до 92. минута, кога Крепин Дијата израмни, и веднаш потоа доби втор жолт картон.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 5.КОЛО

ГРУПА А

Галатасарај – Клуб Бриж 1:1

Реал Мадрид – Пари Сен-Жермен 21.00 ч

Табела: 1.ПСЖ 12, 2.Реал Мадрид 7, 3.Бриж 3, 4.Галатасарај 2

ГРУПА Д

Локомотив Москва – Баер Леверкузен 0:1

Јувентус – Атлетико Мадрид 21.00 ч.

Табела: 1.Јувентус 10, 2.Атлетико Мадрид 7, 3.Баер Л. 6, 4.Локомотив М. 3

Scroll to Top