Top Sport

ЛШ: ПАОК триумфално во Швајцарија, Лудогорец не успеа со 10 играчи (видео)

Грчкиот вице-шампион ПАОК направи вистински подвиг, откако со 3:0 ги декласираше швајцарските шампиони Базел за пласман во третото коло на квалификациите за Лигата на шампионите.

Тимот од Солун патуваше во Швајцарија со предност од 2:1 по првиот меч, и стигна до рано водство откако Фернандо Варела уште во седмата минута донесе предност за гостите. Србинот Александар Пријовиќ зголеми на 2:0 во 52. минута, а само осум минути подоцна Омар Ел Кадури ги постави конечните 3:0. Следен за ПАОК е тимот Спартак Москва.

Бугарскиот шампион Лудогорец не успеа да направи подвиг и со десет фудбалери да стигне до пласман во третото коло, откако загуби со 1:0 од унгарскиот МОЛ Види, клубот кој порано беше познат како Видеотон.

Босанскиот репрезентативец Анел Хаџиќ во финишот на првото полувреме го постигна единствениот гол на мечот, откако во 40. минута, Холанѓанецот Вура доби втор жолт картон оставајќи го клубот од Разград со играч помалку. Следен за МОЛ Види е шведскиот шампион Малме.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛШ, 2.КОЛО

Базел (Шва) – ПАОК (Грц) 0:3 , прв меч 1:2, вкупно 1:5

МОЛ Види (Унг) – Лудогорец (Буг) 1:0, прв меч 0:0, вкупно 1:0



Scroll to Top