Top Sport

ЛШ: Пенал драма во Романија – Динамо Загреб се експерти за квалификациите

Динамо Загреб уште еднаш покажа дека е „мајсторски“ тим за мечевите од квалификациите за Лигата на шампионите, откако на тешкото гостување во Романија кај ЦФР Клуж по драматични 120 минути и пенал-серијата успеа да стигне до третото квалификациско коло.

„Модрите“ први дојдоа во водство преку Амер Гојак уште во 14-тата минута, меѓутоа мечот се смени во 51. минута кога Кевин Теофил-Константин доби црвен картон, а домаќините имаа шанса да израмнат со удар од белата точка. Сепак, Сипријан Деак го утна пеналот, пред Мишел Переира во 64. минута да израмни за романскиот шампион.

Кога се веруваше дека мечот ќе оди во продолженија, младиот косовски фудбалер од средниот ред, Љирим Кастрати ги шокираше Романците, но иронично, хрватскиот фудбалер, Габриел Дебељух им донесе продолженија на Клуж во 93. минута. По продолженијата, се изведуваа седум серии пенали, пред „модрите“ да се квалификуваат во третото квалификациско коло.

Другите клубови од регионот немаа толку среќа. Словенечкиот Целје загуби дома од Молде со 1:2, бугарскиот шампион Лудогорец дома со 0:1 загубија од Митјиланд од Данска, додека Сараево со 2:1 загуби на гостувањето во Белорусија кај Динамо Брест.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 2.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО

АЗ Алкмар (Хол) – Викторија Плзењ (Чеш) 1:1, 3:1 по продолженија

Целје (Сло) – Молде (Нор) 1:2

Карабаг (Азе) – Шериф Тираспол (Мол) 2:1

Судува (Лит) – Макаби Тел Авив (Изр) 0:3

Локомотива Загреб (Хрв) – Рапид Виена (Авт) 0:1

Лудогорец (Буг) – Митјиланд (Дан) 0:1

ЦФР Клуж (Ром) – Динамо Загреб (Хрв) 2:2, 5:6 пен.

Динамо Брест (Блр) – Сараево (БиХ) 2:1

Легија Варшава (Пол) – Омонија (Кип) 0:0, 0:2 по продолженија

Јанг Бојс (Шва) – Клаксвик (Исл) 3:1

Селтик (Шко) – Ференцварош (Унг) 1:2

ЦФР КЛУЖ – ДИНАМО ЗАГРЕБ

СЕЛТИК – ФЕРЕНЦВАРОШ

ЛУДОГОРЕЦ – МИТЈИЛАНД

ЦЕЛЈЕ – МОЛДЕ

Scroll to Top