Ждрепката за Лигата на шампионите на УЕФА посака Пари Сен-Жермен и Манчестер сити, два клуба кои се познати по својата огромна финансиска моќ благодарение на газдите кои направија милијарди од нафта, да започнат уште еден поход кон титулата која ја немаат во својата колекција во иста група.
Уште поинтересно, ова може да биде враќање на еден стар дуел помеѓу двајцата најславни фудбалери последната деценија, Лионел Меси и Кристијано Роналдо – Меси веќе го засили Пари Сен-Жермен. Во групата ќе им прават „друштво“ бундеслигашите РБ Лајпциг, тим кој сигурно не е за потценување, како и белгискиот Бриж.
Барселона, пак, без Меси, ќе се судри во групата Е со Баерн Минхен, сигурно со сеќавања на неславниот 8:2 пораз минатата година, кој ги потврди сите проблеми во каталонскиот клуб. Интересно ќе биде и во групата Д, каде што италијанскиот шампион Интер ќе се сретне со „обновениот“ Реал Мадрид под водство на Карло Анчелоти. Дебитантот во натпреварувањето, Шериф ќе им прави „друштво“ во групата со Шахтјор Доњецк.
„Пеколна“ исто така е групата Б, во која повратникот во натпреварувањето Милан ги доби Атлетико Мадрид, Ливерпул и Порто.
Графика: Sofascore за Топспорт.мк
ГРУПА А
Манчестер сити (Анг)
Пари Сен-Жермен (Фра)
РБ Лајпциг (Гер)
Клуб Бриж (Бел)
ГРУПА Б
Атлетико Мадрид (Шпа)
Ливерпул (Анг)
Порто (Пор)
Милан (Ита)
ГРУПА Ц
Спортинг Лисабон (Пор)
Борусија Дортмунд (Гер)
Ајакс (Хол)
Бешикташ (Тур)
ГРУПА Д
Интер (Ита)
Реал Мадрид (Шпа)
Шахтјор Доњецк (Укр)
Шериф Тираспол (Мол)
ГРУПА Е
Баерн Минхен (Гер)
Барселона (Шпа)
Бенфика (Пор)
Динамо Киев (Укр)
ГРУПА Ф
Вилјареал (Шпа)
Манчестер јунајтед (Анг)
Аталанта (Ита)
Јанг Бојс (Шва)
ГРУПА Г
Лил (Фра)
Севилја (Шпа)
Ред Бул Салцбург (Авт)
Волфсбург (Гер)
ГРУПА Х
Челси (Анг)
Јувентус (Ита)
Зенит Санкт Петерсбург (Рус)
Малме (Шве)