Top Sport

ЛШ: Реал не се опорави од шокот, загуби дома од Шахтјор!

Реал Мадрид не успеа да се опорави од шокантното прво полувреме на „Алфредо ди Стефано“ и на крајот загуби со 2:3 дома од Шахтјор Доњецк во нивниот прв меч од новата сезона во Лигата на шампионите, зголемувајќи го притисокот кон Зинедин Зидан, откако и во Ла лига минатиот викенд доживеаја шокантен пораз од Кадиз.

Инспиратор на украинскиот клуб во првото полувреме беше неверојатниот Бразилец Тете, кој во 29. минута по една убава акција ги донесе гостите во водство. Само четири минути подоцна, Рафаел Варан ја продолжи низата на постигнување на автоголови во ЛШ за 0:2, за во 42. минута, Тете да му асистира на Израелецот Манор Соломон за 0:3!

„Кралевите“ се созедоа во второто полувреме – уште во 54. минута, Лука Модриќ потсети на најдобрите денови со фантастичен гол од далечина, а во 59. минута, веднаш откако го замени Лука Јовиќ, Винисиус Жуниор намали на 2:3. По финишот на 90-те минути, Реал сметаа дека дојдоа до израмнување, кога со малку среќа топката влезе во мрежата на Шахтјор, но голот беше поништен поради офсајд по консултација на ВАР системот.

Интересно беше и во Австрија, каде што Салцбург и Локомотив Москва одиграа возбудливо 2:2 реми со многу пресврти.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1.КОЛО

ГРУПА А

Ред бул Салцбург – Локомотив Москва 2:2

Баерн Минхен – Атлетико Мадрид 21.00 ч.

ГРУПА Б

Реал Мадрид – Шахтјор Доњецк 3:3

Интер – Борусија Менхенгладбах 21.00 ч.

Scroll to Top