Top Sport

ЛШ: Сити го „здроби“ Бриж, Спортинг со голема победа во Истанбул

Манчестер сити без мака со 1:5 славеше на гостувањето во Белгија кај Клуб Бриж за барем привремено да се искачи на првото место во групата А во Лигата на шампионите, додека Спортинг ги остави Бешикташ на нула поени откако на гостувањето во Истанбул победија со 4:1.

Тимот на Пеп Гвардиола беше доминантен на гостувањето во Белгија, иако им беше потребен половина час за првиот гол, кога Фил Фоден имаше фантастична асистенција до Жоао Кансело в0 30. минута за прв гол. Ријад Марез во 43. минута од мечот, од пенал зголеми на 0:2, пред во второто полувреме прво Кајл Вокер да постигне убав гол во 53. минута по асистенција на Де Брујне, пред 19-годишниот Кол Палмер да го постигне својот прв гол во Лигата на шампионите во 67. минута од мечот. Најдобриот напаѓач на Бриж, Ханс Ванакен во 81. минута го постигна утешителниот гол за домаќините, пред Ријад Марез да стави точка на натпреварот во 87. минута.

На „Водафон парк“ во Истанбул пак, Уругваецот Себастијан Коатес во 15. минута ги донесе Спортинг во водство, Бешикташ вратија преку Кајл Ларин во 24. минута, но гостите до крајот на полувремето вратија со два гола – прво Коатес само три минути подоцна го врати водството, пред Пабло Сарабија од пенал во 44. минута зголеми на 1:3. Паулињо во 89. минута ја потврди катастрофата на Бешикташ.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ГРУПА А

Клуб Бриж – Манчестер сити 1:4

Пари Сен-Жермен – РБ Лајпциг 21.00 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Ц

Бешикташ – Спортинг Лисабон 1:4

Ајакс – Борусија Дортмунд 21.00 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top