Top Sport

ЛШ: Тотенхем пропушти водство од два гола, само реми против Олимпијакос (видео)

По поразите за Ливерпул и Челси во вторникот, ниту на Тотенхем не им „тргна“ на стартот на Лигата на шампионите, откако несфатливо пропуштија 0:2 водство на гости кај Олимпијакос за старт со 2:2 реми.

Финалистите од минатата сезона за четири минути постигнаа два гола за 2:0 водство во првото полувреме – прво Хери Кејн постигна гол од пенал во 26. минута, за во 30-тата минута Лукас Моура со убав гол да зголеми на 2:0.

Меѓутоа, Португалецот Даниел Поденсе успеа да намали на 2:1 пред крајот на полувремето со одличен соло-гол, по што на стартот на второто полувреме беше досуден пенал за грчкиот тим, кој ветеранот Матју Валбуена прецизно го реализираше.

Во вториот ран меч од ЛШ, во групата А, белгискиот Бриж и турскиот Галатасарај одиграа само 0:0.

ГРУПА А

Клуб Бриж – Галатасарај 0:0

Пари Сен-Жермен – Реал Мадрид 21.00 ч.

ГРУПА Б

Олимпијакос – Тотенхем 2:2

Баерн Минхен – Црвена звезда 21.00 ч.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');