Top Sport

ЛШ: Влашиќ го „потопи“ европскиот шампион Реал, Џеко и Рома доминираа (видео)

Реал Мадрид доживеа незгоден пораз на гостувањето во студената Русија, откако ЦСКА Москва ги победи актуелните европски шампиони со 1:0, додека во истата група, Рома со 5:0 доминираше против Шахтјор, предводени од хет-трикот на Един Џеко.

Младиот Хрват Никола Влашиќ, кој дојде во ЦСКА од Евертон (и е брат на скокачката Бланка Влашиќ) уште во втората минута ја искористи грешката на одбраната на „кралевите“ за да го шокира тимот на Хулен Лопетеги, по што сега сигурно ќе се зборува за „криза“ во Реал, посебно по 3:0 поразот од Севилја во текот на викендот.

Рома немаше вакви проблеми против чешкиот тим Викторија, откако прво Един Џеко со два прекрасни гола ги „шокираше“ во првото полувреме, пред во второто да се комплетира доминантната победа од со головите на Ченгиз Ундер и младиот Јустин Клајверт. Џеко уште еднаш покажа дека е во топ форма и го постигна и својот трет гол во финишот на натпреварот.

Баерн Минхен во пресметката на повеќекратните европски шампиони одигра 1:1 против Ајакс во групата Е. Матс Хумелс ги донесе домаќините во водство уште во четвртата минута во ноќ на рани голови, но „копјаниците“ вратија преку младиот Нусаир Мазрауи во 22. минута. И Баерн влезе во мечот со лош пораз во текот на викендот – Херта ги победи со 3:0, за дополнителен притисок на тренерот Нико Ковач.

Во истата група беше одигран и најефикасниот меч оваа вечер, откако Бенфика извлече 3:2 победа на „жешкото“ гостување во Атина кај АЕК и тоа со играч помалку. Португалците водеа со 2:0 по првите 15 минути игра, пред Клонаридис да ги врати во игра АЕК, за Семедо во 74. минута да го постави конечниот резултат.

Лион, пред празни трибини, се врати од 0:2 негатива против украинскиот Шахтјор за 2:2. Украинскиот тим поведе преку двата гола на Мораеш во 44. и 55. минута, пред францускиот клуб, кој во минатото коло го шокираше Манчестер сити на гости, да се врати со два гола за две минути – прво Муса Дембеле во 70. минута, а потоа и Лео Дубоа две минути подоцна.

Кризата во Манчестер јунајтед продолжува, откако „ѓаволите“ пред својата публика успеаја да стигнат само до досадно 0:0 реми со Валенсија.

Фото: ЕПА

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 2.КОЛО

ГРУПА Е

АЕК Атина – Бенфика 2:3

Баерн Минхен – Ајакс 1:1

ГРУПА Ф

Лион – Шахтјор 2:2

ГРУПА Г

Рома – Викторија Плзен 5:0

ЦСКА Москва – Реал Мадрид 1:0

ГРУПА Х

Манчестер јунајтед – Валенсија 0:0

Scroll to Top