Top Sport

ЛШ: Звезда без предност патува во Словачка, Ајакс пропушти победа во последната минута (видео)

Црвена звезда пласманот во баражот за ЛШ ќе го бара на гости во Словачка, откако на првиот меч против изненадувањето Спартак Трнава одигра само 1:1. Подобриот од овој дуел ќе игра со подобриот од мечот на македонскиот шампион Шкендија против австрискиот шампион, Ред бул Салцбург.

Звезда дојде во водство од пенал во 23. минута, кога сигурен стрелец беше Французинот Бен, но гостите израмнија само две минути подоцна по една брза акција преку Ерик Грендел.

Во интересниот соседски дуел пак, Ајакс имаше 2:0 предност на гостувањето кај Стандард Лиеж, за на крајот со гол од пенал во 94. минута, белгискиот клуб да извлече 2:2. Клас-Јан Хунтелар во 19. минута и Душан Тадиќ во 34. минута донесоа одлична предност за холандскиот претставник, пред Мехди Карсела-Гонзалез да намали на 1:2 во 67. минута. Рено Емон беше сигурен од белата точка за 2:2.

Славија Прага и Динамо Киев одиграа 1:1 во Чешка, а патникот во баражот за ЛШ ќе се одлучува во вториот меч и во дуелот Малме-МОЛ Види, кој заврши со идентичен резултат. БАТЕ Борисов е поблиску до баражот откако со 1:0 победи во Карабаг, а во првиот меч Динамо Загреб со 0:2 ја совлада Астана.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 3.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО, 1.МЕЧ

Астана (Каз) – Динамо Загреб (Хрв) 0:2

Карабаг (Азе) – БАТЕ Борисов (Блр) 0:1

Малме (Шве) – МОЛ Види (Унг) 1:1

Славија Прага (Чеш) – Динамо Киев (Укр) 1:1

Стандард Лиеж (Бел) – Ајакс (Хол) 2:2

Црвена Звезда (Срб) – Спартак Трнава (Свк) 1:1

Бенфика (Пор) – Фенербахче (Тур) 1:0

Scroll to Top