Top Sport

Луд финиш на Сардинија – Каљари ја „грабна“ победата над Џенова (видео)

Петочниот меч од Серија А донесе неверојатен финиш, откако во последните 10 минути се постигнаа три голови за Каљари да стигне до 3:1 победа над Џенова за втора победа во низа.

Каљари дојде во водство на стартот на второто полувреме преку новиот фудбалер на тимот, Џовани Симеоне, но гостите, за кои во игра влезе Горан Пандев во 74. минута, успеаја да израмнат во 83. минута преку Кристијан Куаме.

Веднаш потоа, Каљари пак ја врати предноста откако Запата си постигна автогол во 84. минута, а Жоао Педро три минути подоцна ги постави конечните 3:1. За Џенова ова е втор пораз во четири кола.

Scroll to Top