Top Sport

Луд камбек на Евертон – три гола за шест минути за влез во топ 4 во Англија

Евертон ја забележа третата победа во четвртиот меч под водство на новиот тренер Рафа Бенитез, враќајќи се од негатива од 0:1 со три гола за шест минути за 3:1 триумф над Барнли за да влезат во топ 4 во Премиерлигата, со ист број на поени како Ливерпул, Манчестер јунајтед и Челси.

Гостите дојдоа до водство на „Гудисон парк“ преку Бен Ми во 53. минута, по што следуваа неверојатните шест минути на „карамелите“, кои од 60. до 66. минута постигнаа три гола – Мајкл Кин израмни во 60. минута, во 65. минута Андрос Таунзенд ги донесе домаќините во водство, за само минута подоцна Демарај Греј да ги постави конечните 3:1.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top