Дуелот на „Велодром“ помеѓу Олимпик Марсеј и Анжер донесе еден куп голови и навистина импресивен камбек на домаќините, кои се вратија од 0:2 негатива по само 11 минути игра за да стигнат до супериорна 5:2 победа.
Ѕвезда на тимот на Хорхе Сампаоли беше поранешниот напаѓач на Наполи, Полјакот Аркадијуш Милик, кој одговори со хет-трик откако Анжер поведоа во 8. минута преку Фулгини, за во 11. минута Бенталеб да зголеми на 0:2. Милик одговори во 18. минута, пред Жерсон да израмни во 21. минута на 2:2, резултат со кој се отиде на полувреме.
Во 70. Милик ги донесе ОМ во водство, за осум минути подоцна да го постигне и третиот гол, откако претходно во 780 минути игра оваа сезона имаше само еден гол. Ченгиз Ундер со прекрасен гол во 85. минута стави точка на натпреварот.