Top Sport

Луд камбек на Сосиедад во Џирона – од 3:2 до 3:5 за 19 минути!

Реал Сосиедад стигна до неверојатна 5:3 победа на гостувањето кај Џирона во еден од најлудите мечеви во досегашниот тек на шпанската Ла лига за, конечно, да сврзат две победи во новиот шампионат.

Гол-серијата започна во 8. минута кога Александер Сорлот ги донесе гостите во водство, но Џирона успеа да се врати со два гола преку Родриго Рикелме (23.) и Арнау Мартинез (27.), пред Норвежанецо Сорлот во 42. минута да осигура на одмор да се отиде со нерешен резултат, 2:2.

Џирона повторно дојде во водство во 48. минута преку Виктор Кастелјанос, пред да почне неверојатниот камбек на баскискиот клуб. Браис Мендез во 63. минута израмни на 3:3, за пет минути подоцна Мартин Зубаменди да ги донесе Сосиедад во водство, а Такефуса Кубо во 85. минута ги осигура трите поени за Сосиедад.

Standings provided by SofaScore

Scroll to Top