Top Sport

Луд карантински тренинг на голманот на Сити, Клаудио Браво (видео)

Чилеанскиот фудбалски голман, Клаудио Браво од летото 2016 година е дел од Манчестер Сити. Тој претходно во Барселона беше прв избор меѓу стативите, но тогаш, за многумина изненадувачки реши да стане дел од „граѓаните“ од Манчестер.

Набргу го загуби првотимскиот статус, откако во клубот од „Итихад“ дојде Едерсон.

Чилеанецот е резерва и судејќи по се, на крајот на сезонава ќе го напушти клубот затоа што му истекува договорот.

Во текот на карантинот поради пандемијата од коронавирусот, тој вредно тренира и се подготвува за новите предизвици.

Scroll to Top