Top Sport

„Повеќе од 7 играчи во НБА се заразени со корона, имињата се кријат“

„Во НБА има многу повеќе кошаркари кои се заразени со коронавирусот за разлика од она со што е запознаена јавноста, но нивните имиња се држат во тајност“. Ова го изјави Адам Силвер, комесар во НБА лигата.

Досега јавноста дозна за Руди Гобер, Донован Мичел, Крвин Дурент, Кристијан Вуд, Маркус Смарт како позитивни на опасниот вирус, но сите тие се веќе излечени.

Сепак, имаше и играчи кои сакаа да ја зачуваат приватноста, па нивните имиња не беа објавени.

„Силвер изјави дека бројот на позитивните кошаркари на Ковид 19 е поголем од оние 7 кои беа познати, но имињата се држат во тајност“ пренесуваат американските медиуми.

Ситуацијата со Ковид 19 во САД е далеку од конролирана, па никој не сака да шпекулира со датум за евентуално враќање на паркетот.

„Не сме во позиција да носиме било каква одлука. Нејасно е кога лигата ќе продолжи. Заклучокот е донесен на основа на извештаите на официјалните органи“ рече Силвер.

Scroll to Top