Top Sport

Луд меч со шест гола меѓу Брајтон и Вулверхемптон

Брајтон и Вулверхемптон приредија вистинско новогодишно гол-шоу на „Ејмекс“ за нивниот меч да заврши со 3:3, откако домаќините се вратија од 1:3 негатива.

Арон Коноли ги донесе Албион во водство уште во 14. минута, но до крајот на полувремето, „волците“ направија целосен пресврт, израмнија преку Саис (19.), Бурн си постигна автогол во 34. минута, за Рубен Невеш од пенал да зголеми на 1:3 во финишот на полувремето.

Сепак, Брајтон успеа да се врати. Нил Мопе во 46. минута намали на 2:3 од пенал, пред Луис Данк со гол со глава од корнер да израмни на 3:3 во 70. минута.

Брајтон останаа 17-ти со 14 поени, три поени пред Фулам во зоната за испаѓање, додека „волците“ се на 12. место со 22 поени по лошата низа од четири меча без победа.

Scroll to Top