Top Sport

Луд пресврт на Интер кај Фиорентина за прво место на табелата

Фиорентина одигра доминанто прво полувреме за да има 1:0 водство против шампионот Интер, но потоа доживеа неверојатен пресврт во кој „нераѕурите“ за три минути ги обезбедија трите поени и првото место на табелата.

Рикардо Сотил ги донесе Виола во водство на „Артемио Франки“ во 23. минута за да ја круниса одличната игра, меѓутоа второто полувреме целосно му припадна на гостинскиот клуб. Матео Дармијан во 52. минута успеа да израмни на 1:1, пред Един Џеко да ја продолжи одличната форма со гол по обидот на Хакан Чалханоглу, а Иван Перишиќ во 87. минута ја потврди четвртата победа во пет меча за тимот на Симоне Инзаги.

Аталанта, пак, конечно, сврза две победи во низа оваа сезона, победувајќи ги Сасуоло со 2:1. Робин Госенс уште во третата минута ги донесе „Ла деа“ во водство, пред Давиде Запакоста да го постигне првиот гол за тимот во 37. минута. Гостите се заканија со камбек преку Доменико Берарди во 44. минута.

СЕРИЈА А, 5.КОЛО

Фиорентина – Интер 1:3

Аталанта – Сасуоло 2:1

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top