Манчестер Сити со неверојатен пресврт во второто полувреме стигна до победа од 3:2 и ја освои титулата во Премиерлигата. Илкај Гундоган влезе како резерва и постигна два гола, а и Родри беше стрелец за „граѓаните“. Астон Вила водеше со 0:2, со головите на Мати Кеш и на Кутињо.
Ливерпул славеше со 3:1 против Вулверхемптон, но остана без титула. „Волците“ поведоа со голот на Педро Нето, но Садио Мане израмни, а Салах и Робертсон донесоа триумф.
Тотенхем оди во Лигата на шампионите откако го победи Норич на гости со 0:5. Два гола постигна Хјонг – Мин Сон, кој е и најдобар стрелец во лигата, двапати стрелаше и Дејан Кулушевски, а погоди и Хари Кејн.
Лидс Јунајтед на гости го победи Брентфорд со 1:2 и обезбеди опстанок.
Арсенал со 5:1 го победи Евертон, но остана кус за ЛШ, а Кристал Палас го победи Манчестер Јунајтед со 1:0.