Top Sport

Луд старт на Бразил-Аргентина – Жесус се посрамоти, Меси утна, па погоди! (видео)

Аргентина дојде до рана предност во јужноамериканското дерби Бразил-Аргентина во Ријад, Саудиска Арабија по неверојатен старт на мечот.

„Селесао“ имаше совршена шанса да дојде до предност уште во деветтата минута кога беше досуден пенал, но напаѓачот на Манчестер сити, Габриел Жесус имаше едно навистина неверојатно промашување.

Казната стигна само пет минути подоцна, кога беше досуден уште еден пенал, сега на спротивната страна. Лео Меси исто така не се прослави во првиот обид, кога Алисон му ја фати топката, но одбиената топка дојде пред неговите нозе за водство на „албиселесте“.


Scroll to Top