Top Sport

Лидел со храбра изјава: Во улична борба би го уништил Мајк Тајсон (видео)

Поранешниот УФЦ шампион, Чак Лидел тврди дека Мајк Тајсон не би имал никаква шанса против него во улична тепачка и покрај репутацијата на „Челичниот“ како еден од најдобрите тешкаши во историјата на боксот.

Лидел во својата УФЦ кариера имаше спектакуларни нокаути против Тито Ортиз и Ренди Кутур, и смета дека Тајсон би доживеал слична судбина доколку некогаш им се вкрстат патиштата. 49-годишниот „Ајсмен“ последен пат беше во октагонот пред една година кога загуби во првата рунда од третиот дуел со Ортиз.

„Во улична борба против Мајк, дефинитивно би победил. Мислам тој би имал шанса како и секој друг, со голем удар. Да ме фати додека влегувам во удар. Но освен така, не гледам како би ме победил“, вели Лидел.

53-годишниот Тајсон последен пат боксуваше во 2005 година кога доживеа шокантен пораз од анонимниот Ирец Кевин Мекбрајд.

Scroll to Top