Top Sport

Луда драма на „Сан Сиро“ – непризнаен гол за Милан, па пораз од Специја во 95. минута!

Специја стигна до неверојатна 2:1 победа на „Сан Сиро“ над Милан во завршница кој сигурно ќе предизвика многу дискусии во Италија, откако судијата Марко Сера имаше необична улога во драмата во последните минути, за „росонерите“ да пропуштат шанса да избијат на првото место на табелата. Наполи, пак, конечно, сврза две победи во низа со 0:2 триумфот кај Болоња со двата гола на Ирвинг Чаки Лозано.

„Росонерите“ дојдоа во водство во финишот на првото полувреме со фантастичниот гол на Рафаел Леао, откако неколку минути претходно Тео Ернандез успеа да промаши пенал. Меѓутоа, Специја, иако е само 16. место на табелата, покажа дека не е тим за потценување, откако во 64. минута израмни преку Колумбиецот Кевин Агудело.

Тогаш следуваше лудите последни минути. Милан беа во офанзива во обид да дојдат до победнички гол, и во еден момент топката дојде кај Жуниор Месијас кој ја смести топката во голот, но секунди претходно судијата Сера не дозволи предност туку реши да покаже фаул. Тој им се извини на фудбалерите на Милан, но одлуката веќе бешее направена.

Притисокот на Милан продолжи со слободниот удар на Ибрахимовиќ и пречката во последните секунди, пред Специја од контранапад да постигне гол преку Емануел Гјаси.

На „Ренато Дал’Ара“ пак, Наполи дојде во водство во 20. минута, кога Елиф Елмас му асистираше на Мексиканецот Лозано за 0:1, а веќе во 47. минута, Лозано го постигна вториот гол за рутинска победа.

СЕРИЈА А, 22.КОЛО

Милан – Специја 1:2

Болоња – Наполи 0:2

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top