Top Sport

Луда завршница на преодниот рок – Реал пратиле понуда од 160 милиони евра за Мбапе!

Флорентино Перез сака да донесе ново „галактико“ засилување на „Сантијаго Бернабеу“, откако повеќе медиуми објавија дека Реал Мадрид пратиле формална понуда од 160 милиони евра за потписот на Килијан Мбапе.

Интересот за францускиот репрезентативец трае подолго време, но првичните информации зборуваа дека „кралевите“ полека се „ладат“ за трансферот и ќе го почекаат Мбапе на слободен трансфер следното лето, пред вечерашната „бомба“.

Незадоволството на Мбапе по пристигнувањето на Лионел Меси во Париз беше повеќе пати забележано, а тој наводно претходно одбил четири понуди за продолжување на договорот со ПСЖ, од кои во последната му биле гарантирани 35 милиони евра годишна заработувачка.

Што и да се случи, на една недела пред крајот на преодниот рок можеби ќе го имаме најголемиот трансфер ова лето, и најголемиот шок по заминувањето на Меси од Барселона.

Реал не веруваат дека ПСЖ ќе го пуштат Мбапе ова лето

Scroll to Top