Top Sport

Луда журка по поразот од Борусија – Нејмар и Кавани голи до пола, само Мбапе бил трезен (Видео)

Фудбалерите на ПСЖ повторно го навлекоа бесот на своите навивачи и на јавноста и покажаа дека тренерот Томас Тухел нема контрола во соблекувалната.

Минатиот месец кога Нејмар 48 часа пред натпревар во првенството организираше мега-забава по повод роденденот Тухел изјавил: „Во сериозен клуб вакви работи не се случуваат“.

Клубот не е сериозен или е заложник на големите ѕвезди и нивните хирови. Неколку дена по поразот од Борусија во Дортмунд (2:1) во Лигата на шампионите, заедничка роденденска забава направиле Мауро Икарди, Единсон Кавани и Анхел ди Марија.

Икарди во средата наполни 27 години, а минатата недела Кавани наполнил 33, а Ди Марија 32 години.

Доволен повод тројцата да приредат луда забава.

Снимките покажуваат дека највесели биле Кавани и Нејмар, а „откачил“ и секогаш прибраниот Кејлор Навас.

Француските медиуми пишуваат дека од забавата трезен си заминал само Килијан Мбапе.

Scroll to Top