Top Sport

Само еден тим не е поразен во 2020 година

Само еден тим од почетокот на годината во најсилните пет национални првенство во Европа (Англија, Шпанија, Италија, Германија и Франција) ја нема почувствувано горчливоста на поразот.

Поради неверојатната серија што во Премиер лигата ја има Ливерпул, успехот на Арсенал со новиот тренер Микел Артета помина речиси незабележително.

„Тобџиите“ во 2020 године немаат пораз.

Од 1 јануари досега Арсенал ги победил Манчестер Јунајтед (2:0) и Лидс во ФА купот (1:0), потоа играле нерешено со Кристал Палас (1:1), Шефилд Јунајед (1:1) и Челси (2:2).

Во продолжение на серијата доаѓа победата на Бортнмут (2:1), ремито со Барнли (0:0) и триумфите над Њукасл (4:0) и Олимпијакос (1:0) во Лига Европа.

Еден пораз во тековната година запишале Ливерпул, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Барселона, ПСЖ, Лацио и Манчестер сити.

Scroll to Top