Top Sport

Луди „конференциски“ мечеви – Вилјареал со драма против Лех, Словацко и Партизан со 3:3 реми

Стартот на новата сезона во Конференциската Лига Европа на УЕФА го одбележаа два апсолутно неверојатни мечеви со многу голови.

На „Керамика“, Вилјареал стигна до 4:3 победа над полскиот Лех Познањ во меч полн со пресврти. Михал Скорас ги изненади домаќините уште во втората минута за неочекувано водство на Лех, но до полувремето, тимот на Унаи Емери ја презеде контролата – Баена со два гола и Чуквуезе донесоа 3:1 водство за „подморницата“. Полскиот клуб врати со двата гола на Ишак, за Кокелин да обезбеди победа за Вилјареал во 89. минута од мечот.

Луд меч имаше и во Ухерско Храдиште, Чешка, каде што Словацко и Партизан одиграа 3:3. Словацко имаа далеку подобар старт на мечот, поведувајќи со 2:0 на полувреме, а гостите од Србија останаа со играч помалку по црвениот картон на Белиќ. Сепак, Дијабате ги врати во игра Партизан со два гола за 2:2 израмнување. Рикардо во 61. минута го комплетираше пресвртот за 3:2 водство, пред Кадлец во финишот на мечот да извлече реми за чешкиот клуб.

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, 1.КОЛО
ГРУПА А
Фиорентина – РФС Рига 1:1
Хартс – Башакшехир 0:4
ГРУПА Б
Андерлехт – Силкеборг 1:0
Вест хем – ФЦСБ 21.00 ч.
ГРУПА Ц
Австрија Виена – Хапоел Бер Шева 0:0
Вилјареал – Лех Познањ 4:3
ГРУПА Д
Ница – Келн почна во 19.45 ч.
Словацко – Партизан 3:3
ГРУПА Г
Балкани – ЦФР Клуж 1:1
Сиваспор – Славија Прага 21.00 ч.

Scroll to Top