Top Sport

Лудило на „Енфилд“! Вајндалдум со два гола за две минути, Ливерпул и Барса сега се израмнети! (видео)

Георгинијо Вајналдум постигна неверојатни два гола за само две минути за неверојатен кам-бек на Ливерпул и водство од 3:0 за „црвените“ против Барселона на половина час пред крајот на реваншот од ЛШ, резултат кој значи дека двата тима се израмнети и на Ливерпул му недостасува само еден гол за финале.

Во 54. минута, Холанѓанецот по асистенција на Трент Александер-Арнолд успеа да ја искористи лошата реакција на Тер Штеген за да зголеми на 2:0, а само две минути подоцна доби фантастична топка од Џердан Шаќири, за да ја натскока заспаната одбрана на Каталонците.

Сега, не очекуваат луди половина час!



Scroll to Top