Top Sport

Златан со поддршка за Алегри: Само победите се бројат!

Поранешниот фудбалер на Јувентус, Златан Ибрахимовиќ застана во одбрана на тренерот Масимилијано Алегри откако се појавија голем број на критики за стилот на игра на „бјанконерите“, посочувајќи дека „само победите се бројат во фудбалот.

Алегри со Јуве стигна до нова титула од Серија А (осма во низа), а го освои и Суперкупот на Италија, но изостана успех во Лигата на шампионите, каде што беа елиминирани од Ајакс во четврт-финалето.

Токму поради ова, методите на 51-годишниот Алегри беа под критика на „чизмата“ поради европскиот неуспех. Ибра, кој играше во Торино од 2004 до 2006, но и освојуваше титула со Милан под водство на Алегри не се согласува, посочувајќи дека победите се поважни од стилот.

„Алегри е целосно во право, само победите се бројат во фудбалот. Ако играш добро и не победуваш, тогаш е џабе. Вие новинарите се согласувате со тоа и кога некој игра добро и ќе загуби, тогаш го ’масакрирате’. Така да, точно е, важно е само да се победува. Прекрасната игра не носи ништо“, вели фудбалерот на Лос Анџелес галакси.

Scroll to Top