Top Sport

Лудило во Етиопија – фудбалерите го тепаа судијата (видео)

Да се биде фудбалски судија не е лесно. Тоа уште еднаш се докажа на меч од етиопското првенство меѓу Дефенс и Велвало Адиграт, во кој судијата го извлече подебелиот крај.

При резултат 1:1, судијата додели гол за тимот на Дефенс, инаку армиски клуб, по што играчите на Велвало Адиграт го избркаа од теренот, и го натераа да се брани со знаменцето за корнер, пред да добие нокаут од страна на еден тренер на Дефенс.

За среќа ситуацијата не ескалираше, но Етиопската фудбалска федерација објави дека го суспендира шампионатот.

Scroll to Top