Top Sport

ФИФА со план за „мини Мундијал“ на секои две години?

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино има идеја за „кревање“ на светскиот фудбал со органиирање на „мини Мундијал“ на секои две години, на кој би учествувале по осум репрезентации покрај традиционалното Светско првенство.

Турнирот, познат како „Фајнал 8“ би бил кулминација на Лигата на нации, и двете идеи во амбициозниот план за реформа на интернационалниот фудбал, потег со кој ФИФА верува дека ќе заработи 20 милијарди евра во 12-годишниот циклус.

Ова е објаснето во писмото до засега неидентификуваната група на инвеститори кои се заинтересирани да ги откупат правата на турнирот, кој би се одржувал секој октомври во секоја непарна година од 2021 година.

Купот на конфедерации, кој сега се одржува секои четири години пред Мундијалот ќе биде укинат.

Ако лигата добие одобрување, европските федерации ќе добиваат околу 55 милиони фунти секој две години. Лигата на нации е план на УЕФА, каде што Инфантино беше генерален секретар, и европската верзија почнува во септември.

Планот за „Фајнал 8“ би бил турнир на кој би имало три европски репрезентации, две од Јужна Америка и по една од Африка, Азија и Северна Америка.

Фото: ЕПА

Дали ФИФА ќе почне да ги продава своите натпреварувања?

Scroll to Top