По големите победи, секогаш следуваат големи прослави. Ова може да се забележи и од фотографиите кои дел од хрватските фудбалери ги покажаа на социјалните мрежи по пласманот во финалето на Мундијалот во Русија.
Дејан Ловрен сподели групна фотографија со кратка но јасна порака: „Хрватска засекогаш, нека гори сѐ“. Во соблекувалната им се приклучи и легендата на хрватскиот фудбал, Звонимир Бобан со „момците“ од Имотски, Ребиќ и Стриниќ.