Top Sport

„Лудите“ цифри од договорот на Кевин де Бројне

Новиот шестгодишен договор на Кевин де Бројне со Манчестер сити ќе биде плаќан во евра наместо во фунти и ќе вклучува 10 милиони евра бонус за потпис, објавува „Гол“.

Договорот на Белгиецот ќе биде потпишен кога Сити и агентот на Белгиецот ќе се договорат за вредноста на правата на ликот на фудбалерот, но другите детали се веќе поставени и бројките се фантастични.

Де Бројне ќе заработува неделно против-вредност од 200.000 фунти (сега околу 230.000 евра), а ќе добие и допопнителни бонуси. Сити сакаат да ги поседуваат 100 отсто од правата на ликот на Де Бројне за сума од 2 милиони фунти, но останува да се види дали ова ќе биде договорено.

Бонусот од 10 милиони евра ќе биде исплатен во текот на шестгодишниот договор, а ако се вклучат и парите од правата за договорот, тој ќе заработува околу 300.000 фунти неделно.

Ако фудбалерот одигра 60 отсто од мечевите на Сити во текот на сезона, тој ќе добие плус од 1.37 милиони евра, а ако ја добие наградата за најдобар играч во Премиер лигата добива 85.000 евра. За пласман во групната фаза во Лигата на шампионите, тој ќе добие уште 905.000 евра, за освојување на ЛШ 1.37 милиони евра, 905.000 евра за англиската титула, 396.000 евра за ФА купот и 169.000 евра за Лига купот.

Агентот на Белгиецот, Патрик де Костер претходно најави дека сака да договори услови какви што имаат Нејмар и Килијан Мбапе во Пари-Сен Жермен. Се верува дека Нејмар заработува 600.000 фунти неделно, така што оваа сума ќе остане недостижна.

 

Scroll to Top