Во сенка на натпреварите што се одиграа во Лигата на шампионите, синоќа во Бирмингем, поранешните европски шампиони Астон Вила и Нотингем Форест, во рамките на 19.коло во Чемпионшип дивизијата, одиграа спектакуларен натпревар, кој заврши без победник 5:5.
Форест водеа неколку пати, откако дуелот го отворија со два гола во првите шест минути, а на крајот успеаја да спасат еден бод. Вистински херој на овој фудбалски спектакл беше Тами Абрахам. Овој млад напаѓач на Челси, сезонава е позајмен во Астон Вила.
Абрахам успеа да постигна четири гола за Вила (11, 14, 36 и 71.минута), а покрај него за тимот од Билрмингем погоди и Ел Гази. За Форест стрелци беа Луис Грабан (3, 82.минута), односно Жоао Карвалјо, Мети Кеш и Џо Лоли.
По 19 одиграни натпревари во Чемпионшип дивизијата, Нотингем Форест се шести на табелата со 31 бод, три повеќе од Астон Вила. На чело на табелата е Норич со 37 бода, еден повеќе од Лидс.